Оливија Кулпо неодамна стана мајка, а сега веќе одлучи да ја врати старата линија.
Една од најубавите жени, поранешната Мис Америка, Оливија Кулпо, неодамна се породи и роди ќерка, објави таа на Инстаграм.
Бидејќи е доста активна на социјалните мрежи, таа сподели и интересно видео во кое открива дека сака да држи диета.
На видеото можете да ја слушнете нејзината мајка како ѝ нуди десерт, меѓутоа, Оливија ѝ кажува дека е на диета, но сè уште не може да одолее, објавува Дејли Меил.
Патем, оваа убавица често правеше шеги на своја сметка кога станува збор за килограмите.
Така, во една прилика, таа објави и видео во поодмината бременост додека јадеше и не се грижеше за својата тежина, а тоа привлече многу позитивни коментари.
Оливија е во врска со ѕвездата на НФЛ, Кристијан Меккафри, од 2019 година, а тој ѝ предложи брак во 2023 година.