Тајните на убавината на Пријанка Чопра

Мис на светот за 2000 година, Индијката Пријанка Чопра, многумина и денес ја сметаат за една од најубавите жени. Таа неодамна во интервју за магазинот „Вог“ со јавноста ги сподели тајните на својот младешки изглед.

Пријанка не користи скапи козметички производи туку природни препарати по рецепти за нега и убавина што ги научила од мајка си и баба си. Постојано прави пилинг на усните со морска сол, на лицето става маска од јогурт, а на косата маска од мед.

Според рецептот на баба ѝ, за да подготвите пилинг за усните потребно е да измешате малку морска сол со неколку капки глицерин и розова вода. Смесата нежно се втрива на усните, па усните се мијат.

За да го подготви пилингот за тело, Чопра меша една шолја брашно од наут, неколку капки лимонов сок и павлака. Мати за да добие мазна смеса, а на крајот додава малку сандаловина и куркума во прав. Смесата лесно се размачкува, па таа ја нанесува на целото тело и ја остава да дејствува околу 30 минути. Потоа се тушира.

И за косата актерката користи домашен рецепт. Во сад меша полномасен јогурт, кафена лажица мед и едно јајце. Маската ја нанесува на скалпот и ја остава да дејствува околу половина час, а потоа ја измива косата со топла вода и бебешки шампон.

 

 

Scroll to Top