Тајра Бенкс советува како да побарате покачување на платата

Американскиот топ-модел Тајра Бенкс на конференција за технологија со учесниците ги сподели своите искуства и деловни лекции.

Таа на жените што сакаат да побараат покачување или напредување во кариерата им порачува да зборуваат за својот талент и придонесите во фирмата, а да избегнуваат да раскажуваат приватни причини.

„На работодавците не им се важни вашите неплатени сметки и останати лични проблеми“, вели таа.

 

 

„Сакате ли во разговорот со вашиот шеф да одглумите самодоверба наместо во очи – гледајте го во чело. Тој нема да знае дали го гледате во очи, а кај вас тоа ќе го намали изгледот на престрашеност, па ќе делувате сигурни во себе“, советува таа.

Тајра ја нагласи важноста на тајмингот кога сакате да направите промени во кариерата и во деловниот фокус.

„Клучот е во тоа да се префрлите на следната работа или да го фатите моментот пред да луѓето сфатат дека вашата моментална кариера тргнала по надолна линија“, нагласува Тајра.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top