Тамара Еклстоун нуди седум милиони евра за информација што ќе помогне да ѝ се врати накитот што ѝ беше украден

Ќерката на шефот на Формула 1, Берни Еклстоун и Славица Еклстоун, Тамара, понудила награда од седум милиони евра за информација која би можела да помогне во пронаоѓањето на нејзините драгоцени предмети кои ѝ беа украдени во 2019 година.

На крајот на 2019 година, италијанска банда ѝ украла предмети во вредност од 30 милиони евра од нејзиниот дом во Лондон. Италијанските крадци Алесандро Малтесе, Алесандро Донати и Југослав Јовановиќ ја признаа вината и се осудени на затворски казни.

Иако минаа неколку години од кражбата, предметите сè уште не се пронајдени, освен неколку обетки. Како пренесуваат медиумите, Тамара одлучила да ги земе работите во свои раце и преку „Инстаграм“ сподели дека ќе даде награда од 25% од вредноста на работите кои ќе бидат најдени.

„Доволно долго чекав за да си ги вратам работите на конвенционален начин. До денес ништо не е пронајдено освен еден пар обетки, кои беа најдени на ушите на Мари Местер“, рече Тамара.

Сега ќе го направам она што сакав да го правам од самиот почеток, во стилот на Мел Гибсон од филмот Ransom. Со задоволство ќе платам награда за враќањето на мојот или украдениот имот на Џеј и за фаќањето и гонењето на Даниел Вуковиќ“, додаде таа.

За потсетување, тројцата Италијанци кои беа одговорни за грабежот беа уапсени минатата година, додека четвртиот човек Вуковиќ сè уште е во бегство. За негово фаќање, Тамара понудила висока награда.

Полицијата рече дека истата група извршила слични злосторства врз жртви од висок профил низ Европа и дека планира да изврши уште кражби во домовите на богатите и славните во Велика Британија.

Scroll to Top