Танчарката што работела за Снуп Дог го тужи раперот за сексуално малтретирање. Таа рече дека тој ја принудувал на орален секс и ја понижувал. Поднела тужба пред судот во Лос Анџелес, во која навела дека пејачот ја нападнал пред десетина години во еден клуб во Калифорнија.
Тврди дека менаџерот на Снуп Дог, Доналд Кембел, ја однел во резиденцијата на пејачот против нејзина волја и дека таму ја нападнал и ја принудил на орален секс.
Потоа ја однел во студиото, каде што ја снимал својата телевизиска серија Snoop Dogg’s Double G News Network. Извор близок до пејачот тврди дека девојката намерно сега ја поднела тужбата, затоа што раперот треба да настапи на полувремето на „Супербоул“ и на овој начин може да му наштети.
Таа тврди дека не го пријавила веднаш затоа што се плашела за својата работа. Вели дека неколку години работела за разни компании, кои биле во сопственост или на некаков начин биле поврзани со Снуп Дог.
За потсетување, Снуп Дог и претходно беше тужен за слична работа откако во 2003 година Кајли Бел го обвинила дека тој и неговите членови од обезбедувањето ја силувале.
Пред да го тужи, раперот поднел тужба против неа за изнуда. Бел подоцна се откажала, наводно затоа што паднал договор меѓу нив.