Режисерот Квентин Тарантино (56) потврди дека неговата сопруга Даниела Пик (36) се породила и дека станале родители на машко бебе.
Како што наведува ТМЗ, бебето се родило во Тел Авив, Израел, на 22 февруари 2020 година. Веста за раѓањето во болница во Тел Авив ја пренесе Јерусалем пост. Даниела е по потекло од Израел и тоа ја објаснува желбата на парот нивното прво дете да се роди токму таму.
Даниела и Квентин инаку живеат во Беверли Хилс, но уште од крајот на минатата година сè почесто биле забележувани како поминуваат доста време во Тел Авив. Нивни блиски дури и шпекулираат дека е можно парот наскоро да се пресели во Израел.
Пик е пејачка, а со познатиот режисер се запознале во 2009, но почнале да излегуваат во 2016, додека се венчаа во 2018. Во август минатата година потврдија дека го очекуваат своето прво дете.