Татко ми ќе стане крал, па затоа пази се, принцот Џорџ му се заканил на другар кој му се потсмевал во школо

Најстариот син на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, принцот Џорџ му се заканил на еден од другарите во школо затоа што му потсмевал. Му порачал да внимава како се однесува затоа што татко му еден ден ќе стане крал. Ова го напишала кралската писателка Кејт Никол.

Во новата книга The New Royals напишала дека и покрај малкуте години кои ги има, Џорџ точно знае кој е ѝ се подготвува за неговата идна улога. Тврди дека сестра му, принцезата Шарлот и помалиот брат Луис биле воспитани со разбирање за монархијата, но и чувство за должност.

Додала и дека на Џорџ му е јасно дека еден ден ќе биде монарх, но и дека Вилијам и Кејт не се обидуваат прерано да го оптеретуваат со големи обврски.

„Го воспитуваат за да биде свесен за тоа дека еден ден ќе стане крал, но не сакаат да го оптоваруваат со чувство на должност“, рече Никол.

„Џорџ разбира дека еден ден ќе стане крал и уште сега кога е во конфликт со другарите на училиште му се налутил на еден од неговите врсници со реченицата: „Татко ми ќе биде крал, па подобро да внимаваш“, напишала таа.

Друг кралски автор, Робер Лејси, во  неговата книга Battle of the Brothers напиша како Вилијам и Кејт на седмиот роденден му ја објасниле идната улога како крал на Обединетото кралство.

За потсетување, принцот Џорџ и принцезата Шарлот по смртта на кралицата Елизабета, добија ново презиме. Од сега па во иднина ќе бидат познати како Велс, наместо Кембриџ, според титулата на нивните родители.

Принцот Вилијам и Кејт претходно беа познати како војводата и војвотката од Кембриџ, но по смртта на кралицата станаа принцот и принцезата од Велс. Таа титула ја наследиле од Чарлс, кој сега стана крал.

Scroll to Top