Таткото на Меган доживеал срцев удар

Таткото на Меган, Томас Маркл доживеал уште еден срцев удар и во моментов се наоѓа во американска болница, пишува Daily Mail. Наводно ја изгубил и можноста да зборува.

Тој планирал да дојде во Лондон и да ја посети кралицата Елизабета за време на прославата на нејзиниот јубилеј.

„Мојот татко се опоравува во болница и бараме малку приватност за семејството. Во моментов и на него му е потребен мир и одмор. Ќе се молиме за него. Лошо е што го гледаме во ваква состојба. Се измачуваше низ годинтие благодарение на моите сестри и она што тие му го направија низ целиот тој период. Тоа е непростливо“, рече Саманта Маркл, постарата сестра на Меган.

За потсетување, Томас претходно рече дека сака да се смири со Меган и да ги запознае своите внуци, двегодишниот Арчи и Либет. За Хари пак рече дека не го сметал за машко. Неодамна во интервју тој го спомена и американскиот претседател, Доналд Трамп, со кој Томас се согласи околу распадот на ќерка му и принцот.

„Хари е идиот и тој брак ќе се растури кога тогаш. Се однесува како дете. Се врти околу мојата ќерка како мало дете и никогаш нема да порасне“, рече Томас.

 

Scroll to Top