Таткото на Меган ќе сведочи на суд против ќерка си

Томас Маркл  може да биде повикан да сведочи против сопствената ќерка Меган за  случајот со таблоидот Mail on Sunday. Таблоидот и издавачката куќа Associated Newspapers се обвинети дека незаконско објавиле приватно писмо кое Меган го пратила на својот татко во август 2018 година.

Магазинот ќе тврди дека објавувањето на ова писмо е оправдано и легитимно, бидејќи постои јавен интерес за личните односи на членовите на кралското семејство.

Mail on Sunday ќе се потпре на доказите на Томас Маркл тврдејќи дека тој имал потполно право да ја раскаже својата верзија на она што се случило меѓу него и неговата ќерка, вклучувајќи ја и содржината на писмото.

Што значи, дека доколку биде поткренет случај, Меган и нејзиниот татко можно е да бидат повикани да сведочат јавно еден против друг.
Адвокатската компанија Schillings која ја застапува Меган Маркл во октомври поднесе тужба поради злоупотреба на приватните податоци, кршење на авторски права и Членот за заштита на податоците од 2018 година, пишува Sky News.

Таблоидот тврди дека војвотката не можела да очекува дека содржината на писмото ќе биде приватна и дека така ќе остане.

Scroll to Top