Некои од најголемите заводници во Холивуд станаа татковци и по педесеттата година од животот. На листата се Мел Гибсон, Џек Николсон, Џорџ Клуни.
Џорџ Клуни првпат стана татко на 56 години. Во текот на бременоста на Амал велел дека инспирација му е францускиот актер Жан Пол Белмондо кој станал татко на 70 години.
Хју Грант го доби првото дете на 51 година. Тој има четири деца, сите родени во последниве пет години.
Стив Мартин денес има 72 години. Првпат станал татко на 68 години, кога му се родила ќерка.
63-годишниот Џон Траволта го добил синот Бенџамин кога имал 56 години. Тој има и 16-годишна ќерка.
И Мајкл Даглас имал 56 години кога Кетрин Зета Џонс го родила нивниот син Дилан. Денес има 73 години.
80-годишниот Џек Николсон го добил синот Рејмонд кога имал 55 години. Актерот има и три ќерки.
Мел Гибсон стана татко деветти пат на 62 години, во февруари минатата година.
Алек Болдвин има четири деца. Првата ќерка му се родила кога имал 37 години, а последното дете, синот Леонард, го добил лани, на 58 години.