Тејлор Свифт е единствена жена меѓу десетте најплатени светски ѕвезди

Со заработка од 92 милиони долари, Тејлор Свифт се најде на листата на „Форбс“ на најплатени пејачки за минатата година. Пејачката се најде на деветтото место и е единствената жена меѓу првите десет. Покрај неа на листата се најдоа и бендот „Џенезис“, Стинг, Бад Бани и Бред Пит. 

Нејзиното богатство е од продажбата на албуми, стримови, договори за лиценци и синхронизации. Минатата година го објави десетиот оригинален студиски албум Midnights, кој го сруши рекордот на Spotify со најголем број еднодневни стримови. Продаде и најмногу винилови плочи за една недела.

Рок бендот „Џенезис“ се најде на врвот на листата на „Форбс“ со заработка од 230 милиони долари. На второто место е Стинг со 210 милиони откако го продаде целиот свој каталог за 300 минатата година на Universal Music Group.

Тајлер Пери се најде на третото место на листата. Најголем дел од парите му се од многубројните телевизиски емисии и филмови, како и од студискиот комплекс во Атланта.

На четвртото место се Треј Паркер и Мет Стоун, кои ги создадоа South Park и The Book of Mormon, со заработка од 160 милиони долари од двете, како и договори со HBO Max и Paramount.

Бред Пит се најде на листата затоа што го продаде најголемиот дел од неговата продукциска куќа „План Б – која ги продуцираше Moonlight, 12 Years a Slave, The Departed и други.

Креаторите на „Симпсонови“,  Џејмс Л. Брукс (82) и Мет Гронинг (69), Ролинг Стоунс, режисерот Џејмс Камерон (68) и музичарот Бад Бани. исто беа меѓу првите десет на листата на „Форбс“.

Scroll to Top