Тејлор Свифт го режира својот прв долгометражен филм

Пејачката Тејлор Свифт ќе го режира својот прв долгометражен филм. Проектот е во подготовка, објави американската продуцентска куќа Searchlight Pictures.

„Тејлор е уникатен уметник и автор. Вистинска радост и привилегија е да се работи со неа додека таа оди на ново и возбудливо креативно патување“, изјавиле од продуцентската куќа.

Пејачката (32) веќе го напиша и режираше краткиот филм „All Too Well: The Short Film“, кој освои музичка награда на MTV.

Тејлор Свифт го издаде својот десетти албум „Midnights“ оваа година, додека песните од тој албум го достигнаа првото место на 100-те најдобри песни на Билборд.

Scroll to Top