Тејлор Свифт и донесе 780 милиони долари на економијата на Мелбурн за два дена

Мега турнејата на Тејлор Свифт во последните неколку дена само во Австралија донесе промет од неверојатни 780 милиони долари за неколку дена (1,2 милијарди австралиски долари) во градот Мелбурн и неговата околина.

Економистите веќе ги прогласија концертите на Свифт за економско „цунами“, бидејќи во текот на тие неколку дена десетици илјади обожаватели се собраа во Мелбурн, што доведе до скок на побарувачката за разни услуги, хотели, сместување, авионски превоз.

Влијанието на оваа светска турнеја, која економистите ја нарекуваат „Свифтономикс“, како и турнејата на Бијонсе, заедно со неколку холивудски блокбастери, придонесоа дури 8,5 милијарди долари за економскиот раст на САД во третиот квартал од 2023 година.

Сепак, експертите велат дека и покрај краткорочниот поттик на економијата, постои загриженост за ниската стапка на штедење во Австралија, која е најниска од 2007 година. Имено, зголемувањето на потрошувачката поврзано со концерти би можело да ги пренасочи средствата од другите сектори, особено оние со слаба потрошувачка активност.

Така тамошните банкарски експерти го истакнаа „концептот за инфлација Тејлор Свифт“, наведувајќи дека луѓето можеби ќе дадат поголем приоритет на трошењето пари за концерти во споредба со другите неопходни трошоци.

Scroll to Top