Тејлор Свифт за првпат на листата на милијардери на Форбс

Пејачката Тејлор Свифт за прв  се најде на листата на милијардери на Форбс, како една од 14-те славни личности, чие збирно нето богатство се проценува на 31 милијарда долари.

Свифт стана милијардерка во октомври во голема мера благодарение на нејзината рекордна турнеја „Ерас“, која стана првата турнеја во историјата со заработка од повеќе од 1 милијарда долари, околу 1,04 милијарди долари само од првите 60 концерти, пишува Форбс.

Таа е и првата музичарка која станала милијардер само врз основа на нејзините песни и изведби.

Scroll to Top