Тери Хачер: Вујко ми ме силуваше кога имав пет години

Холивудската глумица Тери Хачер откри во својата нова автобиографска книга Burnt Toast: And Other Philosophies of Life дека вујко ѝ Ричард Хајси Тоун ја силувал кога таа имала пет години. Хачер не сакала премногу да открива детали за тоа, затоа што се плаши дека може да си нашети на кариерата.

Познатата глумица од американската серија „Очајни домаќинки“ напишала дека била злоупотребувана четири години. Таа уште во 2002 година во интервјуто за магазинот Vanity Fair се охрабрила да сведочи против нејзиниот вујко.

„Ги потиснував чувствата сè додека во новините не прочитав за трагедијата со 14-годишна девојкакоја се самоубила откако нејзиниот вујко ја силувал. Можев да ја почувствувам нејзината болка и не можев да дозволам мојот вујко да остане неказнет“, изјавила Тери, која и самата открива дека неколку пати размислувала за самоубиство.

Глумицата, која се чувствувала посрамотена, долго време размислувала за самоубиство, мислејќи дека таа е виновна за сè. Откако случајот завршил во судница, нејзиниот вујко бил осуден на 14 години затвор. Судијата изјавил дека случајот би можел да биде отфрлен, доколку не се појавела Тери со нејзиното сведочење.

Ричард починал во 2008 година, додека ја отслужувал казната затвор.

„Дури откако беше осуден, почувствував дека вредам нешто“, изјавила Тери, која тоа искуство делумно го открила во својата автобиографска книга. Тери за улогата во „Очајни домаќинки“ има добиено „Златен глобус“. Таа била во брак со Џон Тени, со кого се разведе во 2003 година. Ја има ќерката Емерсон Тени, а во јавноста се шпекулираше дека била во врска и со актерот Џорџ Клуни.

 

Scroll to Top