Тестаментот на Арета Френклин, создаден во 2014 година, кој нејзината внука го открила под перница на софата по смртта на музичката дива, со судска одлука официјално е прогласена за валидна.
Синовите на Арета барале овој документ да биде признаен како официјален, додека третиот син побарал да важи документот од 2010 година.
Кеткалф сведочел дека верувал дека потписот на документот од 2014 година е валиден, особено затоа што содржел нешто карактеристично за потписот на Арета.
Адвокатот на Тед, пак, вели дека доказите покажуваат дека документот од 2010 година е всушност вистински тестамент, бидејќи бил пронајден во кабинетот каде Френклин чувала важни документи.
Разликата меѓу двете верзии се огледа и во начинот на распределба на имотот, поради што дојде до конфликт меѓу браќата.
Френклин почина во 2018 година. Во тоа време, нејзиното богатство се проценуваше на околу 80 милиони долари.