„The Weeknd“ остана без номинација за Греми и се налути

By

Популарниотмузичар Бел Тесфаје (30) познат по уметничкото име „The Weeknd“, оваа година не се најде меѓу номинираните за Греми наградите и тоа го налути.

Тој со бес се пожали на социјалната мрежа Твитер и ги повика организаторите на овој проект, што предизвика големо внимание во јавноста.

„Греми и понатака се корумпирани. Ми должите на мене, на моите обожаватели и на транспарентноста во индустријата“, напиша музичарот.

Музичарот е револтиран бидејќи останал без номинација и покрај неговиот нов албум „After Hours“, кој ја содржи и песната „Blinding Lights“, со која се искачи на врвот на музичките топ листи ширум светот.

Додека едни се согласија со него, други го критикуваа поради потегот сметајќи дека е претеран.

Инаку, цремонијата за доделување на Греми наградите е предвидена за 31 јануари, но поради епидемијата на коронавирусот засега не се знае дали ќе биде онлајн или номинираните физички ќе бидат присутни.

 

 

Ќе ви се допадне

Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba (Dub) (https://animeflix.nl/m/472Y) Episode 26 at website https://animeflix.nl danganronpa animeflix

The Promised Neverland (Dub) Episode 12 at website https://animeheaven.pro. See more anime in heaven