Ти не си ми семејство, ниту пријател!

Актерката Ким Катрал на 5 февруари дозна дека нејзиниот брат, за кого само пред 18 часа се дозна дека исчезнал, всушност изненадувачки починал.

Пораки за поддршка стигнуваа од сите страни, а меѓу останатото и од нејзината некгоашна многу блиска соработничка и другарка Сара Џесика Паркер. И двете, кои имаа голем број обожаватели во серијата „Сексот и градот“, во улогите на Кери и Саманта, се во лоши односи, а за тоа колку на Ким и е „преку глава“ од Сара, говори и фактот дека таа јавно и одговори на пораката за поддршка која и ја упатила.

„Не ми треба твојата љбуов, ниту поддршка, во овој трагичен момент!“, беше пораката која Ким ја објави, а  покрај неа напишала:

„Мајка ми денеска ме праша: „Кога Сара Џесика Паркер, тој лицемер, ќе те остави на мира?“, Твоето континуирано туркање за нас е многу болен потсетник колку навистина беше крута тогаш, но и сега. Дај да ти разјаснам многу едноставно (ако досега не сум го направила тоа): Ти не си мое семејство. Ти не си мој пријател. Затоа ти пишувам за последен пат да престанеш да ја експлоатираш нашата трагедија за да се претставиш себе си како „добра девојка!“, напишала Ким.

 

 

Ким Катрал со братот кој изненадувачки почина:

 

Scroll to Top