„Ти си глуп“, му врати Трамп на Де Ниро

Претседателот на САД, Доналд Трамп, одговори на навредите на американскиот актер Роберт де Ниро. Првиот човек на САД изјавил дека актерот е личност со многу низок коефициент на интелигенција.

Трамп преку „Твитер“ реагирал на навредите што Де Ниро му ги упатил во неделата вечерта на церемонијата на доделувањето на театарските награди „Тони“. Де Ниро им се извинил на Канаѓаните поради идиотското однесување на претседателот.

Трамп при враќањето од Сингапур од самитот, каде што имаше средба со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, на „Твитер“ објавил дека Де Ниро е личност со многу низок IQ.

Трамп напишал дека Де Ниро, кој е награден со „Оскар“ за главната улога во филмот „Бесен бик“ од 1980 година, во тој филм добил многу удари во главата, кој му ги нанел вистински боксер.

Американскиот претседател додал дека верува оти Де Ниро е зашеметен од ударите и му порачал да се разбуди.

„Разбуди се панчи (удрен)“, напишал Трамп на „Твитер“.

 

 

 

Scroll to Top