Ти си ми како да сум добил на лото, Барак и Мишел Обама прославија 30 години брак

Поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга, Мишел, прославија 30 годишнина брак. Си честитаа двајцата на социјалните мрежи, а Барак објави фотографија од нивната венчавка.

„Мише, по 30 години не сум сигурен зошто ти изгледаш исто, а јас не. Знам дека тој ден добив на лотарија. Не можев да побарам подобар животен партнер. Среќна годишнина душо“, рече Барак.

„Среќна годишнина човеку кого го сакам. Овие последни 30 години беше авантура и благодарна сум што си со мене. Те сакам“, му одговори Мишел.

За потсетување, во медиумите се пишуваше и за нивните расправии, а дури се спомена и развод.

„Кога и да се заедно се чини дека само се живцираат еден со друг. Иако биле прилично добри во играњето пред камерите, почнаа да се јавуваат пукнатинки“, рече анонимен извор близок до нив.

Двајцата ги имаат ќерките Малиа и Саша.

Scroll to Top