Ти си светлината на мојот живот, Пирс Броснан прослави 21 година брак со сопругата

Познатиот ирско-американски актер Пирс Бронсан на својот Инстаграм профил ѝ ја честита годинишната од бракот на својата сопруга Кили Шеј со низа заеднички свадбени фотографии.

„Пред 28 години, на 04.08, се запознавме во Кабо Сан Лукас, Мексико. И се венчавме во замокот Ашфорд во Ирска. Вечна моја љубов, ти ми донесе радост и среќа во мојот живот. Ти си светлината на мојот живот“, напиша познатиот актер со фотографија од нивната венчавка.

„Среќна годишнина на вас двајца“, „Каква убава двојка, среќна годишнина“, беа само дел од коментарите.

За потсетување, ова е втор брак за актерот. Тој претходно беше женет со австралиската актерка Касандра Харис која почина од рак на јајниците во 1991 година. Три години по нејзината смрт, во 1994 година, ја запозна новинарката Кели Шеј Смит со која се венчаше во 2001 година.

Scroll to Top