Тифани Трамп ќе се мажи за египетскиот милијардер Мајк Булос

Тифани Трамп (29), ќерката на Доналд Трамп (76) и Марла Мејплс (59), ќе се мажи за египетскиот милијардер Мајкл Булос. Ќерката на поранешниот претседател на САД организирала прослава, на која присуствувале нејзината полусестра Иванка, снаата Ерика и свршеницата на вториот брат Доналд Јуниор, Кимберли.

Забавата била организирана во Мајами, на само неколку километри од имотот на татко ѝ, Мар-а-Лаго на Флорида, каде што таа и свршеникот Мајкл ќе одржат свадбена прослава на 12 ноември, пишува „Дејли мејл“. Неколку гости споделија фотографии од моминската вечер на социјалните мрежи. Според објавите, Тифани за оваа пригода облекла бел фустан од тантела, а другите девојки носеле бели фустани со сини цветови. Меѓу гостите што споделија фотографии била и Иванка Трамп.

Тифани и Мајкл се во врска од 2018 година, а се свршија во јануари 2021 година. Прстенот за ќерката на Трамп чинел 1.200.000 долари. Двојката се сврши во градината на Белата куќа во последните денови од мандатот на поранешниот претседател. Странските медиуми пишуваат дека на свадбата наводно ќе има повеќе од 500 гости.

Мајкл Булос е наследник на нигерискиот конгломерат Bulos Enterprises од повеќе милијарди долари. Младиот милијардер е роден во Либан, а пораснал во Нигерија. Тој се преселил во САД по средбата со Тифани. Активен е на социјалните мрежи, само на „Инстаграм“ го следат 45 илјади луѓе. Идните сопружници се запознале на Миконос во Грција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivanka Trump (@ivankatrump)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tiffany Ariana Trump (@tiffanytrump)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tiffany Ariana Trump (@tiffanytrump)

Scroll to Top