Тина Тарнер се прости од синот, ја расфрли неговата пепел во океан

Музичката ѕвезда Тина Тарнер вчера ја расфрли пепелта на нејзиниот син Крег Рејмонд Тарнер во океан, откако тој се самоуби пред помалку од еден месец. Таа на социјалните мрежи објави слика, на која роднини и пријатели се собрале во Калифорнија да му оддадат последна почит на Крег.

„Мојот најтажен момент како мајка. Во четвртокот, на 19 јули 2018 година, реков последно збогум на мојот син Крег Рејмонд Тарнер, откако ја расфрлив неговата пепел во друштво на семејството и пријателите на калифорнискиот брег… Тој имаше 59 кога почина трагично, но секогаш ќе биде мое бебе“, напиша таа.

Најстариот син на Тина беше пронајден мртов дома на почетокот на јули, а истрагата покажа дека се застрелал во главата. Тина го роди Крег на 18 години. Неговиот татко е саксофонистот Рејмонд Хил. Подоцна Тина се омажи за Ајк Тарнер, кој го посвои Крег и му го даде неговото презиме. Тина Тарнер има уште тројца синови: Рони (57), кој е единственото нејзино дете од бракот со Ајк и неговите деца од првиот брак – Ајк Џуниор и Мајкл.

Scroll to Top