Тина Тарнер се враќа на музичката сцена

Пејачката Тина Тарнер последниве години речиси не се појавува на музичката сцена. Но, неодамна таа се врати во Лондон за да го претстави својот биографски мјузикл, како што вели сама, на барање на обожавателите. Премиерата на мјузиклот ќе се случи следната година.

„Добивам писма. Луѓето велат дека им давам надеж, тоа многу ми значи. Се надевам дека мјузиклот ќе биде успешен, дека ќе патува низ светот и ќе служи како потсетник за мојата работа“, изјавила пејачката.

Последниот концерт Тина Тарнер го одржа 2009 година, а потоа се пресели во Швајцарија каде што живее со сопругот.

„Не сакав да го направам ова. Ќе биде малку тешко. Не ми требаше мјузикл, не ми требаше уште едно шоу. Сигурна сум дека сакате да знаете што правев во пензија последниве седум години. Пензионирањето е прекрасна работа, лесно е да се спие многу. Правиш што сакаш, ја декорираш куќата два-три пати. Работи за кои си сонувал додека си работел“, рекла Тина.

Scroll to Top