Тој е обично ѓубре, фановите го замразија Крис Прат затоа што не го поканил деветгодишниот син на роденден

Славниот холивудски глумец Крис Прат преку ноќ ги изгуби симпатиите од фановите бидејќи за својот 43. роденден не го поканил деветгодишниот син Џек, кој има проблеми со здравјето. Џек е роден со мозочно крвавење, кое оставило последици на неговата подвижност.

„Многу му е важно сега да се фали дека, конечно, има здраво дете. Крис Прат е само едно обично ѓубре“, му напишаа тие.

Глумецот го доби Џек со бившата сопруга Ана Фарис. Сега го прослави 43. роденден со својата нова 10 години помлада сопруга Кетрин, ќерката на холивудскиот глумец Арнолд Шварценегер, со која во мај ја добија втората ќерка Елис, а ја имаат и Лајла Марија.

Досега многумина го сметаа за прекрасен и грижлив татко, но сега многумина го осудија за неговиот потег. Тој и минатата година направи слична грешка кога ѝ се заблагодари на Крис што му родила здрава ќерка, а многумина ова го протолкуваа како порака до неговата бивша Ана Фарис.

За потсетување, Џек е роден девет недели предвреме. Пред да биде пуштен дома, морало да мине неколку недели на интензивна нега. Родителите морало да се подготват дека момчето ќе има посебни потреби, а Џек имаше и неколку операции и сè уште има проблеми со видот и со срцето.

За среќа, се извлекол со помали тешкотии отколку што првично предвидуваа лекарите. Сепак, Крис не се воздржува јавно да ги коментира ќерката и новата сопруга, синот ретко го спомнува, а не го ни покани на роденденот.

 

Scroll to Top