Тој е шест години помлад од неа, а таа тоа добро го крие: Холивудската убавица конечно „фатена“ со сопругот

Камерон Дијаз речиси никогаш не се појавува јавно со својот сопруг, Бенџи Маден, па затоа секој „папарацо улов“ е вистинско богатство.

Актерката Камерон Дијаз (53) и нејзиниот сопруг Бенџи Маден (47) беа фатени заедно во Њујорк за време на едноставна прошетка, беа во лежерни комбинации и ова е вистинска реткост некој да ги види заедно.

Ова нивно заедничко излегување е уште поинтересно поради фактот што актерката се враќа на глумата по пауза од 10 години. За оваа пригода, Камерон избра црни панталони во комбинација со црна преголема јакна и бела маица.

Нејзиниот сопруг, кој е рокер, беше целосно во тој рокерски стил. Карирана широка кошула и едноставни панталони беа неговиот избор, а се обиде и да се „скрие“ со помош на капа.

Камерон Дијаз и Бенџи Маден се во брак од 2015 година и имаат две деца заедно, кои ги добија преку сурогат мајка. Кога станува збор за нејзиниот приватен живот, актерката е исклучително строга, па затоа не открива премногу детали за своето семејство, додека може да шокира со некои други изјави.

Откако со години се сметаше за една од најфаталните актерки во Холивуд, таа ги шокираше сите кога истакна дека од моментот кога се пензионирала од глумата, не обрнува внимание на својот изглед, па дури ни на капењето.

Scroll to Top