Том Брејди и Жизел Бундшен официјално се разведоа по 13 години брак

Фудбалерот Том Брејди и моделот Жизел Бундшен официјално се разведоа, потврдија на на нивните социјални мрежи.

Тие спогодбено ја донеле оваа одлука по 13 години брак.

„Одлуката да се стави крај на брак никогаш не е лесна, но ние се разделивме и иако е тешко да се помине низ вакво нешто, се чувствувам благословена за времето што го поминавме заедно“, изјавила 42-годишната Бундшен.

Двајцата изјавиле дека приоритет им се децата и побарале да се почитува нивната приватност.

Брејди и Бундшен се запознаа преку заеднички пријател и се венчаа две години подоцна, прво во црква во Санта Моника, а потоа и во Костарика. Во меѓувреме ги добија синот Бенџамин и ќерката Вивијан.

Scroll to Top