Том Џонс има син бездомник, Лоренс Фишбурн лут на ќерката порноглумица – Познати што се откажаа од сопствените деца

Светската филмска ѕвезда Ентони Хопкинс неодамна ја изненади јавноста кога откри дека 20 години не разговара со својата ќерка Абигејл. Тој во интервју рече дека не знае дали таа се омажила и дали има внуци, но и дека не му е гајле за тоа.

Легендарниот актер не е единствениот кој не сака никаков контакт со своите деца. Слични приказни како Хопкинс имаат и пејачот Том Џонс и глумецот Лоренс Фишбрун.

Џонс, кој неодамна наполни 80 години, го добил синот Џонатан Беркери (31), по кратката врска со манекенката Кетрин Беркери. Иако со ДНК анализата било потврдено дека тој е неговиот биолошки татко, Џонатан никогаш не го запознал Том, бидејќи пејачот не го сакал тоа. Синот на Џонс живее како бездомник, а татко му не сака да му остави ништо од неговото богатство.

И ѕвездата на „Матрикс“, актерот Лоренс Фишбурн, се откажал од својата ќерка Монтана, бидејќи во 2010 година снимила порнофилм под името Чипи Ди. Монтана, снимила секс видео, очекувајќи дека ќе стане славна, но ниту се прославила ниту заработила од секс-видеото поради малата гледаност. Монтана заработила само 60.000 долари. По ова, популарниот глумец ги прекинал сите контакти со неа.

Scroll to Top