Том Харди победи во шампионат на џиу-џицу

Глумецот Том Харди победи во шампионат во Џиу Џицу. Оскаровецот учествуваше на Отвореното првенство „Бразилиан Џиу Џитцу“ кое се одржа изминатиот викенд.

Харди на големо изненадување на сите си замина со златен медал. Стана хит меѓу натпреварувачите и гледачите во Милтон Кејнс, во близина на Лондон. Харди се пријави на турнирот под неговото вистинско име Едвард.

„Бев шокиран кога го видов. Тој ми рече да заборавам дека е он и да го направам она што вообичано го правам“, рече неговиот противник Дени Еплтон.

„Се натпреваруваме околу шест минути. И секојпат ме соборуваше. Веројатно е најтешкиот противник со кој сум се борел. Сигурно му е дораснат на неговиот лик во Бетмен филмот Бејн“, рече Еплтон.

За потсетување, Харди е познат по соработката со режисерот Кристофер Нолан и улогите во филмовите „Враќањето на Темниот витез“, „Почеток“, „Данкирк“, „Лудиот Макс: Патот на бесот и филмот на „Марвел“, „Веном“.

Со сопругата Шарлот Рајли се венчаа во 2014 година и имаат две деца. Од претходниот брак со Рејчел Спид има уште еден син. Голем љубител е на кучиња, а има и неколку кои ги спасил од улица и ги вдомил. Ангажиран е и во неколку хуманитарни организации.

Scroll to Top