Американската асоцијација на продуценти PGA му додели награда на Том Круз за животно дело, а неговиот филм „Сè во исто време“ е прогласен за најдобар.
На доделувањето, многумина му се заблагодарија за поддршката и инвестирањето во филмската индустрија со неговиот филм „Топ Ган: Маверик“. Во време кога го снимаше, сите во филмскиот свет беа загрозени од пандемијата со корнавирусот.
„Том Круз ни покажа дека луѓето сè уште можат да одат во кино“, рече Шери Лансинг, поранешната управителка на Paramount Pictures.
Глумецот рече дека ќе продолжи да ѝ помага на филмската индустрија затоа што ја сака.
„Знам што е потребно за оваа работа. Не е потребна само среќа. Морате да ја создадете таа среќа. Морате да го сакате тоа за да ви се оствари. Знам дека знаете дека секогаш ќе навивам за вас. Ќе продолжам да ѝ помаган на оваа индустрија“, рече Том Круз.
Многумина сметаат дека оваа награда може да му помогне да добие и Оскар на 12 март.
„Ова е лудо. Ви благодарам многу“, рече продуцентот Џонатан Ванг, опкружен со актерите номинирани за Оскар, Мајкл Јео, Ке Хуј Куан, Стефани Хсу и Џејми Ли Кертис.