Том Круз е најплатениот глумец во светот, од една реченица заработува 7.000 долари

По улогата во филмот „Топ Ган: Маверик“, Том Круз е најплатениот глумец во светот. Минатата година заработи 100 милиони долари, а според податоците на страницата Casumo, за една реченица добива по 7091 долар, или 205,639 долари за дијалог од 10 секунди.

Круз не прима стандардна плата туку зема процент од филмската заработка. На франшизата „Невозможна мисија“, заработи повеќе од 200 милиони долари.

На второто место е глумецот Курт Расел, кој заработува 5682 долари за една реченица. На третото место е Џони Деп кој заработува 4877 долари за една реченица.

Scroll to Top