Том Круз е најсекси актер, одлучија жените во анкета на „Шоукејс синемас“

„Шоукејс синемас“ направија анкета во која побараа повеќе од 2.000 жени да ги изберат најсексапилните актери на сите времиња и нивниот омилен филм.

Том Круз и американскиот мјузикл „Мои песни, мои соништа“ од 1965 година го зазедоа првото место.

Круз го победи Робин Вилијамс од првото место како најсекси актер, кој се најде на второто место според резултатите од анкетата.

Потоа следат Том Хенкс, Патрик Свејзи, Роберт Редфорд, Џон Вејн, Харисон Форд, Морган Фримен, Алан Рикман и Бредли Купер.

Том Круз неодамна привлече големо внимание со своите јавни настапи. Обожавателите ја забележаа неговата подолга коса и исончаниот тен, а многумина на социјалните мрежи напишаа дека неговото лице изгледа поинаку.

Инаку, Круз е најплатениот актер во светот. Минатата година заработи 100 милиони долари за мегауспешното продолжение на „Топ Ган“. Кариерата ја започна на 19 години во филмот „Вечна љубов“, а глумеше во бројни акциони филмови, како „Војна на световите“, „Невозможна мисија“, „Извештај за малцинствата“ и уште многу други.

Scroll to Top