Том Круз едвај чекал да се разведе Софија Вергара за да може повторно биде со неа. Двајцата кратко време беа заедно во 2005 година, пред Том да се ожени со Кејти Холмс. Се запознаа преку нивниот пријател и колега Вил Смит, но, врската пропадна од религиозни причини, открива извор близок до глумецот.
„Софија е католик и се плашела дека Том ќе побара да се приклучи на скиентологијата“, откри изворот.
Тој додаде дека Круз сега едвај чекал Софија да се разведе со актерот Џо Манганиело со кого беше во брак пет години, пишува „Њујорк пост“.
„Двајцата веќе имаат историја, но тоа беше повеќе кратка љубовна врска отколку вистинска романса“, рече извор близок до глумецот за „Мирор“.
„Софија не сакаше долга врска, па на крајот останаа само пријатели“, додаде тој и мисли дека Круз отсекогаш се каел што ја одбрал Кејти наместо Софија.
За потсетување, Том Криз со Кејти беше во брак шест години и заедно ја имаат ќерката Сури, со која актерот не е во контакт од религиозни причини.