Том Круз и НАСА ќе го имаат првиот филмски проект во вселената. Веста ја потврди и Американската вселенска агенција, како и дека се во тек преговорите со Круз за снимање филм.
„НАСА е возбудена од можноста да работи со Круз на филм што би се снимал на Меѓународната вселенска станица. Ни требаат популарни медиуми за да инспирираме нова генерација научници и инженери, кои би ги претвориле нашите амбициозни планови во реалност“, напиша на Твитер првиот човек на НАСА, Џим Брајденстин .
Оваа вест следеше откако сајтот „Дедлајн“ објави дека Круз соработува со Илон Маск и неговата компанија „Спејс-Екс“. Пандемијата на коронавирусот му наруши два проекта на Круз, откако премиерата на „Топ ган: Маверик“ беше одложена за јуни, а снимањето на „Невозможна мисија 7“ беше прекинато уште во февруари.