Том Круз и Никол Кидман повторно заедно ќе работат на филм

Поранешната холивудска двојка Том Круз и Никол Кидман би можеле повторно да работат заедно, на филмското платно пренесува магазинот „Ок“.

Според пишувањата на таблоидот, двојката ќе работи заедно на снимањето на римејкот на филмот од 2001 година, The Others, во кој Кидман ја играше главната улога.

Неименуван извор за таблоидот открива дека Том и Кидман можеби нема да глумат во истиот заедно, но и тоа како големи се шансите да работат на истиот.

„Не мора да значи дека заедно ќе глумат, но дефинитивно би можеле двајцата да работат на филмот“, открива неименуван извор за таблоидот, додавајќи дека нивното појавување како двојка, во  каков било контекст, би можело да донесе огромен публицитет на проектот.

Иако од нивниот развод минаа речиси 20 години, поранешната холивудска двојка, 53-годишната Никол Кидман и 58-годишниот Том Круз и понатаму ја интригираат јавноста со својот однос.

Според многумина, овој двоец никогаш повеќе не би можел да биде заедно, затоа што својот брак го завршија во крајно нарушени односи.

Scroll to Top