Том Круз: Имам потпросечна висина, не сум згоден, а снимив топ-филмови

Холивудскиот актер Том Круз, пред да стане популарен, работел како чистач и портир, а денес неговото богатство се проценува над 550 милиони долари.

Томас Круз Мапотер IV е вистинското име на Том Круз, кој денес не би го гледале во легендарните филмови доколку заминеше по својот повик кон свештенството. Како многу религиозен, Круз како дете сакал да стане свештеник сè додека во училиштето не пробал да глуми.

Се наоѓа на листата помеѓу топ-100 филмски ѕвезди на сите времиња. Како мал играл хокеј на трева, но престанал кога се повредил и си го оштетил предниот заб.

„На 18 години го напуштив училиштето и заминав во Њујорк за да станам актер, не сонував за ваков успех“, изјави Томво една пригода, кој е роден во Кентаки, а има и германско, ирско и англиско потекло.

„Јас имам потпросечна висина и не сум претерано згоден, барем тогаш не бев, а за 5 години ги снимив некои од своите најголеми филмови“, призна актерот, кој е висок 170 сантиметри, кој во 90-тите бил помеѓу најплатените актери во светот.

Првата мала улога ја имал во 1981 година во филмот Endless Love, а потоа се ределе: Top Gun, The Color of Money, Rain Man и Born on the Fourth of July. На филмовите, како „Интервју со вампирот“, „Невозможна мисија“ и „Џери Мегваер“ заработил по 15 милиони долари од филм.

По неколку години во Холивуд, повторно се насочил кон верата, поради која, како што порано се пишуваше, му пропаѓале сите бракови: во првиот брак бил со Мими Роџерс, па со Никол Кидман и потоа со Кејти Холмс.

Scroll to Top