Том Круз не дојде на Оскарите затоа што снимал на Севернот пол

Холивудскиот актер Том Круз (60) не присуствуваше на доделувањето на 95. Оскари затоа што снимал сцени на Северниот пол за осмото продолжение од филмот „Невозможна Мисија“. Ова за британски „Сан“ го откри близок пријател на глумецот. 

Неговиот филм „Топ Ган: Маверик“ беше номиниран за најдобар филм, а Том го немаше на настанот кој беше исполнет со филмски ѕвезди. Том бил на местото Свалбард, 500 километри јужно од Северниот пол. Со него бил и режисерот Крис КекКвари, кој одбил да замине во Холивуд на Оскарите со приватен авион.

„Том знае како одат овие работи. Повеќе би сакал да го прави она што најдобро го знае и да снима неверојатни филмови за да може милиони да ги гледаат, отколку да седи во публиката и плеска и се смешка пред камерите. Сето тоа го има видено претходно“, рече изворот за „Сан“.

За потсетување, „Топ Ган: Маверик“ доби шест номинации на Оскарите, а си замина дома со само една награда, за најдобар звук. „Се` секаде одеднаш“ го победи и ја однесе престижната награда за најдобар филм.

Scroll to Top