За неколку дена во киносалите ќе се одржи премиерата на филмот „Направено во Америка“ со Том Круз во главната улога. Но, јавноста повеќе се интересира за несреќата што се случила на снимањето на филмот во 2015 година.
Во текот на снимањето на филмот загинале двајца пилоти, поради што нивните семејства сега ги тужат режисерот Даг Лиман и актерот Том Круз.
Во обвинението се наведува дека актерот и режисерот сакале да снимаат навистина опасни сцени во воздух, како и дека го правеле тоа со голема брзина.
Неколку недели пред да загине пилотот Пурвин ги повикал продуцентите и им објаснил дека не може да издржи да работи во такви услови, како тоа и дека ова е најопасниот проект на кој некогаш работел.