Том Круз пред 10 години ги прекинал сите врски со ќерката Сури

Том Круз пред 10 години ги прекинал сите врски и односи со ќерка му Сури, која ја доби во брак со глумицата Кејти Холмс. Главната причина била вклученоста на глумецот во движењето скиентологијата, а Кејти иако се има приклучено не успеала се прилагоди на правилата.

Од слични причини на тој начин на глумецот му заврши и претходниот втор брак со Никол Кидман.

Откако Том и Кејт официјално се разведоа, глумецот повеќе не е виден во јавност со Сури. Многумина тврдеа дека тој повеќе не одржува контакт со неа. Познато е дека не го добил ни старателството, но и дека бракоразводната праница завршила по само 11 дена.

Ова е невообичаено, особено во случаите кај познатите. Добро упатен извор, тврди дека иако Том добил дозвола од судот да може да ја гледа ќерка му секој месец по 10 дена, тој тоа го одбил.

Наводно причината за тоа е што Сури не е во скиентологијата и поради тоа тој не е во контакт со неа. Единствено на што Том се придружува е алиментацијата во износ од 33.000 долари месечно.

Сури живее во Њујорк со мајка ѝ Кејт, а освен неизбежните вознемирувања од папараците, живее нормален живот како и нејзините врсници.

„Том никогаш немал намера да се оттуѓи од сопствената ќерка и се надева дека еден ден ќе го поправи нивниот однос“, откри извор и додаде дека глумецот е свесен дека Кејт сака да ја заштити Сури од скиентологијата и скиентолошката заедница.

Scroll to Top