Том Круз се заљубил во Кејт Винслет

Холивудскот актер Том Круз се заљубил во неговата 13 години помлада колешка од Велика Британија Кејт Винслет, пишува  New Idea. Како што пишува таблоидот, двајцата се гледаат веќе некое време, но тајно затоа што Кејт е во брак со 42-годишниот бизнисмен Нед Рокенрол.

На неодамнешното снимање на една сцена за филмот „Аватар 2“, Кејт успеала да го сруши рекордот на Том во држење на здивот под вода. Тоа го воодушевило Том, кој го побарал нејзиниот број од неговиот пријател и колега Леонардо dи Каприо.

„Том е многу шармантен и убедлив и кога нешто ќе си зацрта во главата, тој не се откажува додека истото не го реализира. А сега ја сака Кејт. И знае како да ѝ се додвори. Том ` предложи на Кејт и заедно да снимаат и филм“, открива извор близок до актерот.

За потсетување, Кејт Винслет од 2012 година е во брак со 42-годишниот бизнисмен Нед Рокенрол. Со него има и седумгодишен син. За Кејт тоа е трет брак.

Претходно беше во брак со режисерот Џим Треплетон, со кого има 20 годишна ќерка, додека од вториот брак со режисерот Сем Мендес, има 16 годишен син.

Медиумите во последен период шпекулираат дека нејзиниот брак со Нед е нарушен.

„Сѐ повеќе се зборува дека Кејт и Нед имаат брачни проблеми и сѐ помалку се појавуваат заедно во јавност. Затоа ова обновено пријателство со Том за многумина е многу сомнително. Ако некој може да ја поднесе егоцентричноста на Том, тоа е Кејт“, вели изворот.

Scroll to Top