Холивудскиот глумец Том Круз инсистира во секој договор да стои точка во која експлицитно ќе стои дека неговиот лик не смее да се користи за комерцијални цели.
Круз е еден од најплатените глумци во светот, а познат е по улогите во филмовите „Војна на светови“, „Невозможна мисија“, „Топ ган“, „Специјален извештај“, „На работ на иднината“. Ниту еден од овие ликови не смее да се користи во комерцијални цели поради неговата клаузула.
Глумецот не дозволува ликот да му го има ни во игрите како „Невозможна мисија“, „Војна на световите“ и „Специјален извештај“, па затоа сега главниот лик кај нив изгледа поинаку. Исто така не може да се користи во ниту една акциска фигура ниту во друга некаква играчка со неговиот лик.
Глумецот никогаш не одговори зошто го прави ова и не сака ликот да му го има на други места. За потсетување, Том неодамна е виден на свеченоста за номинацијата на Оскарите во хотелот „Хилтон“ во Беверли Хилс. Неговиот најнов филм „Топ ган: Маверик“ освои номинации во неколку категории, меѓу која и за најдобар филм.