Том Курз ќе се види со ќерка му Сури за помалку од месец дена, пренесуваат светските медиуми. За оваа средба медиумите веќе пишуваат со години. Американските таблоиди покренаа шпекулации дека Том и Луси конечно ќе можат да го поминат Божиќ заедно.
Луси е ќерка на Том Круз, кој глумецот ја доби во бракот со неговата колешка Кејти Холмс. Двајцата се немаат видено со години, а тоа може да се промени престојниот периот. Како што пишуваат американските таблоиди, Том и Луси ќе се видат уште оваа година.
„Во последно време на Сури ѝ недостига татко ѝ“, тврди анонимен извор и истакнува дека тоа наскоро ќе се промени.
Иако Том, па ниту Кејти досега ништо не потврдија, останува непознато дали глумецот ќе го посвети своето време годинава да биде со семејството. Скиентолозите можат да ги слават и верските празници, зависно од религиозните убедувања.
Повеќето од нив, останале поврзани со верата во која се одгледани, а Том е одгледан како Римокатолик. Целата оваа приказна оди во прилог на неодамнешните написи на медиумите, во кои е наведено дека Том е подготвен да го напушти таквиот начин на живот, за да биде со ќерка му.
„Том виде колку Луси порасна и тоа го промени. Том жртвуваше многу работи во својот живот, поради скиентолозите и ако се одрече од тоа, тоа би било само заради неговата ќерка“, објаснил изворот.