Тоти има нова девојка, 11 години помлада цвеќарка нова љубов на фудбалерот

Франческо Тоти има нова девојка. Тој и Ноеми Бочи втор пат се забележани заедно во јавност на места каде што поминувал заеднички моменти со поранешната сопруга Илари Бласи.

Тоти и Бочи беа забележани летово како уживаат заедно во Монако каде се криеа од папарацо фотографите, а овој пак новиот пар воопшто не се криеше.

Да потсетиме, кога Франческо Тоти (46) и Ноеми Бочи (34) за прв пат беа фотографирани заедно, тоа беше во истиот ресторан каде Тоти ја запроси поранешната сопруга Илари Бласи. А сега го одбраа хотелот Париз каде во 2019 година, Тоти и неговата тогашна сопруга Блази го прославија својот 38-ми роденден.

Илари Бласи и Франческо Тоти по 17 години брак се разведоа.

Ноеми наводно е цвеќарка која има завршено факултет за бизнис и банкарство, а во моментов се разведува од фудбалскиот менаџер Марио Каучи со кого има две деца на возраст од 8 и 10 години.

Наводно Франческо и Наоми врската ја започнале уште во ноември минатата година, а се дознало откако таа веднаш пристигнала на местото каде фудбалерот имал сообраќајна несреќа.  Наводно, фудбалерот вечерта по објавата за развод ја поминал во нејзиниот дом.

Scroll to Top