Холивудската дива Џоан Колинс ја претстави својата најнова автобиографија и во неа откри многу работи, а меѓу другото, и дека им се спротивстави на мрзливите продуценти и поради тоа загуби улога.
Во автобиографијата наречена My Unapologetic Diaries таа се присети на времето кога холивудските продуценти, како Дерил Занук, кој чуваше златна скулптура од својот пенис на масата, и кога можеа да ги злоупотребуваат актерките без последици.
Во интервју за „Кориере дела сера“, Џоан изјави дека никогаш не се согласила да го продаде своето тело во замена за филмска улога, па поради тоа ја изгубила улогата во филмот „Клеопатра“ (1963), која на крајот ѝ припадна на Елизабет Тејлор.
Колинс се бранела од сексуални предатори удирајќи ги со коленото меѓу нозете.
„Мислам дека бев една од првите феминистки кога тој термин сè уште не беше валкан збор, сакав да живеам скромно како човек“, рече таа.
На тој начин таа уште еднаш откри јавна тајна за сексуалното вознемирување на актерките во Холивуд за што медиумите почнаа да се интересираат кога тргнаа обвинувањата против продуцентот Харви Вајнштајн.
Во долгото интервју таа откри и дека не е подготвена за пензија и дека покрај дневникот, работи и на нов автобиографски документарец во продукција на Би-би-си: „Годините се само бројка, а моите не се на списокот“, на шега одговори таа.
Актерката, која седум децении е во шоу-бизнисот и која гледала како умираат многу нејзини колеги, сепак е свесна дека староста не е пријатна.
„Како девојче мислев дека Френк Синатра е најдобар. Тажно е да се гледаат луѓето како се приближуваат до смртта”, рекла Џоан.
Синатра боледувал од деменција, а Колинс денес го памети како збунет старец кој се однесувал како дете, ги прекинувал другите додека зборувале и прашувал дали е време да си оди дома.
„Староста е тема што секогаш предизвикува одредена непријатност. Мешавина од тага, сожалување и сеќавање кога тие луѓе биле во своите најдобри години”, признава актерката.
Колинс допрела многу теми во своите дневници, а со оглед на тоа дека таа е личност што често го кажува она што ѝ е на ум без влакна на јазикот, особено е интересно да се види што мисли за познатите и влијателни личности.
Таа го опиша комичарот и водител на ток-шоуто Џеј Лено како „еден од најмалку смешните и најмалку привлечните мажи во Америка“, а поранешниот американски претседател Доналд Трамп како „глупав селанец“.
За актерката Џенифер Анистон рече дека ја има „најтенката рака што ја видела“, а за Кара Делавињ дека е „екстремно слободна девојка“.
Иако без двоумење зборува за многумина, сепак има неколку луѓе за кои не сака да каже што мисли.
„Мислам дека во последно време добиваат доволно внимание од печатот“, ладно одговори таа на прашањето на новинарите што мисли за Хари и Меган Маркл.
Познатата британска актерка открива дека причината поради која се држи настрана од социјалните мрежи е стравот од откажување, односно стравува дека ќе стане жртва на т.н. откажана култура.
Актерката ги открива своите политички ставови во колумна што ја пишува за конзервативниот британски весник Spectator, а во интервју открива дека „моментно ги поддржува ториевците“ и не гледа причина зошто ситуацијата во Британија, каде што недостигот на возачи на камиони предизвикува проблеми со синџирот на снабдување и зголемување на цените, се покажува толку драматично.
„Не можеме сите да седиме и да страдаме. Верувам дека животот е гозба и дека најглупавите умираат од глад“, одговара Колинс со манир на холивудска дива.