Трамп иснпириран од „Game of Thrones“ порача дека ќе го гради ѕидот со Мексико

By
Американскиот претседател Доналд Трамп почна да води војна против демократите преку Инстаграм. Трамп постираше постер на социјалната мрежа, инспириран од мегапопуларната серија „Game of Thrones“.
На постерот пишува „Ѕидот доаѓа“. Трамп користел ист фонт за буквите на постерот, како оние на креаторите на оваа серија. Ја модулирал и популарната фраза „The Winter Is Coming“, која е карактеристична за семејството Сарк во серијата, која е базирана на книгата на Џорџ Р.Р. Мартин. Финалната сезона ќе пристинге во април годинава.
Трамп и претходно ги покажувал своите импресии од серијата „Game of Thrones“, кога на сличен постер во ноември минатата година, им порача на Иранците дека ќе ги стигнат санкциите.
Техеран не бил премногу воодушевен од ваквиот потег на Трамп, па генералот Гасем Слеимани, му одговорил во ист стил со зборовите „Ќе застанам против тебе“. Од HBO мрежата велат дека не се премногу воодушевени од препукувањата на Трамп со неговите непријатели.
„Како се вели злоупотреба на заштитниот знак на Дотхраки јазкот? Големите љубители на „Game of Thrones“, добро знаат дека ова е еден од јазиците на серијата“, напишаа одговорните од HBO мрежата на Твитер.
За време на предизборната кампања, Трамп говорел и за изградбата на голем и убав ѕид на границата со Мексико. Многумина ваквата негова идеја ја поврзуваа со мегапопуларната серија, на која Трамп е голем фан.

Ќе ви се допадне