Трамп наметна царини за пингвините, тие се „одмаздија“ со вирални објави

Нова серија царини што ја воведе американскиот претседател Доналд Трамп предизвика економски превирања и ги шокираше пазарите, но меѓу сите сериозни последици, јавноста забележа и еден апсурден детал: Трамп воведе царини од 10 отсто и на австралиска територија на која нема луѓе жители – само пингвини и фоки.

Станува збор за островите Херд и Мекдоналд, едно од најоддалечените места во светот, до кои може да се стигне само со двонеделно патување со брод од Перт, на западниот брег на Австралија. Иако пингвините и фоките очигледно не извезуваат, администрацијата на Трамп сепак одлучи да ги таргетира овие острови со царински мерки.

Сепак, „пингвините“ одлучија дека нема да молчат. Тие му одговорија на Трамп на начин што е соодветен за 21 век – преку социјалните мрежи.

На платформата Threads, профилот @PenguinsAgainstTrump веќе има повеќе од 72.000 следбеници. Описот на профилот гласи: „Не сме сигурни зошто нè царинат“.

Објавите од тој профил набрзо станаа вирални.

Scroll to Top