Трамп за принцот Вилијам: Тој е навистина згоден, имавме одличен разговор во Париз

Доналд Трамп откри дека принцот Вилијам му рекол дека кралот Чарлс Трети „напорно се труди“ додека продолжува со лекувањето од рак и дека Кејт Мидлтон е добро.

Новоизбраниот американски претседател изјави и дека во Париз имале „одличен разговор“ кој траел „малку повеќе од половина час“, а за принцот Вилијам рекол дека е многу згоден.

Трамп се сретна со принцот од Велс откако и двајцата присуствуваа на свеченото отворање на катедралата Нотр Дам по разорниот пожар во 2019 година. Тие разговараа во резиденцијата на британскиот амбасадор во саботата, а Трамп подоцна откри детали од нивниот разговор во интервју за Њујорк Пост.

„Имавме одличен разговор кој траеше половина час, нешто повеќе од половина час. Беше одличен разговор. Тој е згодно момче. Некои луѓе изгледаат подобро во живо. Изгледа одлично, навистина одлично, и тоа му го кажав“, додаде тој.

Scroll to Top