Холивудскиот глумец Чарли Шин вчера го прослави 55. роденден. Низ сите овие години за неговото име се врзуваат приказни од тоа дека некогаш важеше за најплатен глумец во Холивуд, а сега не може да си ја плати алиментацијата за своите деца, која е три милиони долари годишно.
До 2015 главниот приход му бил од снимањата на серијата „Два и пол мажи“, каде заработувал по 1,8 милиони долари по епизода.
Заработил отказ затоа што го навредил продуцентот и правел инциденти за време на снимањето. Шин тврдел дека бил премалку платен за својата работа и барал по 3 милиони долари за снимена епизода. Серијата продолжила да се снима со неговиот колега Ештон Качер.
Глумецот некогаш вредеше 150 милиони долари, но сега е уништен од алкохолот и дрогата. Развратниот живот остави последици врз него, а во 2015 година призна дека е позитивен на ХИВ. Го заразила трансексуална проститутка со која имал секс.
Шин тврди дека спиел со повеќе од 5000 жени, а една од нив го тужела откако ја заразил.
Глумецот има три деца. Беше верен со Кели Престон, за која се шпекулираше дека ја застрелал во рака, а беше во врска и со најпознатата придружничка во Лос Анџелес Хеиди Флеис. Поради него, таа завршила во затвор, но за медиумите изјавила дека никогаш не престанала да го сака.
Шин беше во брак и со Дон Пеле, Денис Ричардс и Брук Милер. Со Ричардс има две ќерки, додека со Милер два сина. Глумецот исто така има уште една ќерка, 33-годишната Касандра Жаде Естевес, од неговата врска со средношколската љубов Паула Сперт.