Трансексуална проститутка го зарази Чарли Шин со ХИВ: Некогаш најплатениот глумец пред банкрот

Холивудскиот глумец Чарли Шин  вчера го прослави 55. роденден.  Низ сите овие години за неговото име се врзуваат приказни од тоа дека некогаш важеше за најплатен глумец во Холивуд, а сега не може да си ја плати алиментацијата за своите деца, која е три милиони долари годишно.

До 2015 главниот приход му бил од снимањата на серијата „Два и пол мажи“, каде заработувал по 1,8 милиони долари по епизода.

Заработил отказ затоа што го навредил продуцентот и правел инциденти за време на снимањето. Шин тврдел дека бил премалку платен за својата работа и барал по 3 милиони долари за снимена епизода. Серијата продолжила да се снима со неговиот колега Ештон Качер.

Глумецот некогаш вредеше 150 милиони долари, но сега е уништен од алкохолот и дрогата. Развратниот живот остави последици врз него, а во 2015 година призна дека е позитивен на ХИВ. Го заразила трансексуална проститутка со која имал секс.

Шин тврди дека спиел со повеќе од 5000 жени, а една од нив го тужела откако ја заразил.

Глумецот има три деца. Беше верен со Кели Престон, за која се шпекулираше дека ја застрелал во рака, а беше во врска и со најпознатата придружничка во Лос Анџелес Хеиди Флеис. Поради него, таа завршила во затвор, но за медиумите изјавила дека никогаш не престанала да го сака.

Шин беше во брак и со Дон Пеле, Денис Ричардс и Брук Милер. Со Ричардс има две ќерки, додека со Милер два сина. Глумецот исто така има уште една  ќерка, 33-годишната Касандра Жаде Естевес, од неговата врска со средношколската љубов Паула Сперт.

Scroll to Top