Тренерот на Адел откри како пејачката ослабна 50 килограми

Тренерот на британската пејачка Адел, Пит Герацимо откри како успеала за година дена да ослабне 50 килограми. Тој откри дека во процесот на слабеење, биле најважни три работи, нејзината исхрана, вежби и квалитетен сон.

Сите тренери велат дека исхраната е најважна во процесот на слабеење, па така и Пит вели дека во работата со неговите клиенти, секогаш се одлучува за вистинската, здрава храна, а не за пијалоци и дополнителна исхрана.

За Адел, Пит вели дека ја пробала диетата на Сиртфуд, која поттикнува губење на килограми со билна исхрана, како што се кељ, еден вид на зеленчук и леќа. Со овие намирници, Пит вели дека може да се јаде и црно чоколадо и црно вино.

Пит вели дека покрај вистинската исхрана, за губењето на килограми на Адел, важно е да се забрза работата на срцето и да се излезе од зоната на комфорот.

„Адел вежбаше трипати неделно, а комбинираше повеќе вежби. Тренираше и бокс и правеше кардио тренинзи“, објаснил Пит.

Покрај исхраната и вежбите, личниот тренер на Адел вели дека за слабеењето на пејачката, важно било тоа што таа имала квалитетен сон. Тоа е затоа што спиењето влијае на два хормони на гладдта. Грелин и Лептин, вели Пит.

Грелин се ослободува откако мозокот сигнализира дека желудникот е празен, додека лептин се ослободува од масните клетки за да ја сузбијат гладтта и на мозокот да му пренесат информација дека желудникот е полн.

Но, кога телото не добива доволно сон, почнуваат да се создаваат повеќе грелин и помалку лептин. На тој начин, вие сте гладни и апетитот ви е зголемен. На крај, Пит вели дека најважно е да не се брза во процесот, туку да се следи работата и да се внимава на вашето тело и неговите максимални можности.

 

 

Scroll to Top